Вуксановиќ: Не сум изгладнет, неизбричен и не спијам по паркови и на клупа

По измислениот тект на српски Курир, таблоиден медиум во Србија, поранешниот министер за образование Слободан Вуксановиќ во времето на Воислав Коштуница, за Б92 изјави дека се смешни, но и рагични бизарните приказни за него дека станал бездомник.

,,Не сум ни кандидат за некоја политичка функција на претстојните избори, а веќе се готват измислени приказни за мене, кои се лесно доказливи. Како што гледате не сум изгладнет, не сум бездомник и не сум неизбричен,,- рече Вуксановиќ во елегантен капут и свежо избричен, додавајќи дека на препорака на Нада Мацура, популарна докторка од Брза помош која секој ден дава совети на тв, дури се облекува повеќеслојно на овој студ.

 

Бев новинар, вели Вуксановиќ, а мојот учител Александар Тијаниќ велеше-,,кажи во кој весник го пишува тоа, па да ти кажам кој го нарачал текстот,,.

Поранешниот министер, а сега професор на приватен Универзитет во Белград, вели дека нема да ги тужи медиумите што ја објавиле таа измислена приказна.
Извор:Б92