Вучиќ бара да потпише договор со РТС дека нема да му го намалуваат тонот кога гостува во емисија

Претседателот на Србија изјави дека веќе нема да гостува на РТС, се додека не потпишат договор дека нема да му го намалуваат тонот кога ќе гостува, а негов човек да може да седи во режија и тоа да го контролира.

Оваа скандалозна изјава и барање на српскиот претседател следува по гостувањето на градскиот менаџер Горан Весиќ на РТС, зн коешто Александар Вучиќ е убеден дека во РТС намерно го намалувале тонот додека тој зборувал.

,,Тоа не се случило од 1990. Никогаш нема да отидам на РТС додека не го потпишам тој договор“-изјави Вучиќ.

Според Вучиќ, РТС сакале да го оштетат супериорниот Весиќ, во една од изборните политички емисии.