Вучиќ би го победил и Николиќ на претседателските избори

Три месеци пред претседатеслките избори во соседна Србија, веќе излегоа и првите анкети со можните победници. Според анкетата која ја објави Политика спроведена од агенцијата ,,Фактор плус” , актуелниот премиер убедливо би го победил во вториот круг актуелниот претседател и негов сопартиец Томислав Николиќ.

Всушност, анкетата се занимава главно со тоа прашање-кој би бил подобар кандидат Вучиќ или Николиќ.

Според одговорите на анкетираните граѓани, Александар Вучиќ би ги победил сите конкуренти уште во првиот круг, а на прашањето доколку во вториот круг влезат тој и Николиќ,64 проценти одговориле дека би гласале за Вучиќ, а 34 за Николиќ.

Според оваа анкета, на претстојните избори, доколку се кандидираат Вук Јеремиќ, Воислав Шешељ и актуелниот народен правобранител Саша Јанковиќ, шансата за победа им е речиси никаква.

Одредени шанси има само Вук Јеремиќ, но доколку негов против кандидат е Томислав Николиќ. Тие би влегле со изедначени можности за победа во вториот круг од гласањето.