Вучиќ внесе цело дабово стебло, на Бандиќ му ја наместија паричката-смешната страна на прославите на Божик

Познато е дека политичарите ќе направат сѐ за да им се допаднат на гласачите и да се ,,доближат“ до народот.

Најмногу се ,,трудат“ на верските празници и тука многу често излегуваат од протоколот или едноставно кажано-претеруваат.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, чие појавување или прес конференции се сами по себе драма, на Бадник ги собра политичките претставници на Србите од регионот во просториите на претседателскиот кабинет, првин со свештени лица се одржа литургија, а потоа и прес конференција.

Пред верскиот чин, Вучиќ со гостите, меѓу кои и Иван Стоилковиќ, пратеник во македонскиот парламент, наместо традиционалното дабово бадникарско гранче, внесоа цело дрво:

Вучиќ со дабовото стебло
Дрвото го венсуваат во претседателската палата

Но, најголем срам, сепак се чини, се случи во Загреб. Српската заедница приреди традиционално кршење на лепче со паричка, а владиката , заедно со Милорад Пуповац, политички претставник на Србите во Хрватска, наместија паричката да се падне кај градоначалникот, Милан Бандиќ.

Ова предизвика потсмев и осуда во целиот регион, но Пуповац се обиде да се извади со објаснување дека на било кого да му паднеше паричката, веројатно немаше да му значи ништо, но Бандиќ се израдувал и тоа, според него, било доволно.