Во руското пристаниште Сочи во вилата ,,Бочаров ручеј“, српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе има состанок во 4 очи со рускиот претседател, Владимир Путин.

Вучиќ овој разговор го најави по избивањето на аферата со рускиот шпион кој во Србија минатата година врбувал српски граѓани и им плаќал големи суми за тоа.

Пред неколку недели српскиот претседател рече дека на оваа средба ќе разговара и со Путин, а тој веќе се сретна со рускиот амбасадор во Белград и го прашал-Зошто?

Инаку, изминатите два дена Белград беше во знакот на посетата на белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

Александар Вучиќ му приреди голем дочек на ,,последниот диктатор во Европа“, како што го нарекуваат европските лидери.

Вучиќ смета дека посетата на Лукашенко е од голема важност за Србија и го обвини поранешниот претседетел Борис Тадиќ дека во 2009 година прифатил да се види со Лукашенко на Копаоник, но само тајно.

Белорускиот претседател тогаш бил со семејството на зимување.

Александар Лукашенко вчера пред пратениците во срспкиот Парламент им одржа час по демократија, зборувајќи колку тој бил демократски настроен кон опозицијата, но што да прави што народот не ги сака, па не можеле на избори да освојат ниту еден пратеник, рече Лукашенко.