Вучиќ го критикуваше Заев на вонредната прес конференција(видео)

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на вонредната прес конференција по вчерашниот упад на опозицијата во РТС, Бошко Обрадовиќ од Двери го нарече фашист, а Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ-тајкуни. Вучиќ смета дека тие се добри пријатели на македонскиот премиер, Зоран Заев, а го спомна и Митко Чавков.
„Интересно е како кај нас постојат двојни аршини. Како е можно западните амбасадори да не го осудат, а во иста секунда ги осудија сите оние кои влегоа во македонскиот Парламент? Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудиле поранешниот министер за внатрешни работи на Митко Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. Според овој принцип, ние можеби треба да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Ѓилас да влезат внатре во РТС„-изјави Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

Фото Вучиќ-Мондо