Вучиќ и Брнабиќ ги почестија вечера Заев и Рама во Петроварадинската тврдина во Нови Сад

Српскиот Претседател, Александар Вучиќ и премиерката, Ана Брнабиќ, вечерва ги пречекаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама во Нови Сад.

Во очи утрешната официјална средба иницирана од Вучиќ, вечерва домаќините и гостите беа на заедничка вечера во Петроварадинската Тврдина.

,,Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Утре со Претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама ќе разговараме за тоа во Нови Сад.

Имаме неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан“-објавено е на ФБ профилот на премиерот Заев.