Вучиќ и Хоти ќе потпишат економски договор во присуство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ги прими српскиот претседател и косовскиот премиер во Овалната соба во Белата куќа, потврдија од американската администрација.

Тој всушност ќе ја организира церемонијата на потпишување на договорот меѓу Белград и Приштина кој се однесува на целосно нормализирање на економските односи меѓу двете земји.

Вучиќ и Хоти претходно ќе разговараат одвоено со американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Александар Вучиќ вчера изјави дека разговорите биле тешки и дека пред нив бил ставен документ за меѓусебно признавање и дека тој го одбил тоа.

,,Морам да кажам дека Американците беа фер и во финалниот документ нема таква точка“-рече Вучиќ.

И државната приштинска телевизија јави дека договорот меѓу Вучиќ и Хоти не содржи меѓусебно признавање на Србија и Косово.