Вучиќ: Моето присуство на инаугурацијата на Пендаровски е порака дека сакаме добри односи со Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ, беше еден од високите гости од странство кои присуствуваа на инаугурацијата на македонскиот претседател, Стево Пендаровски. Тоа беше нивен прва билатерална средба:

,,Сакам да ги подобриме нашите односи, да соработуваме поблиску и поотворено“-напиша Вучиќ во прилог на фотографијата објавена на инстаграм.

Вучиќ рече дека се надева дека набргу ќе бидат отстранети сите недоразбирања околу некои работи во минатото, како што беа обвинувањата дека Белград сака да направи државен удар во Македонија, пред две години за време на немилите настани од 27 април.

Српскиот претседател најави дека годинава ќе го покани македонскиот претседател Стево Пендаровски да ја посети Србија.