Вучиќ објави: Почина српскиот патријарх Иринеј

Срспкиот претседател, Александар Вучиќ, утрината со црно бела фотографија објави дека починал патријархот на СПЦ, Иринеј.

Сега веќе, откако лично е објавена од Вучиќ, оваа вест може да се смета за веродостојна. Тој вчера излезе со траорна изјава за здравствената состојба на српскиот патријарх и ги искара медиумите кои предвреме го умреле владиката Иринеј.

Патријархот Иринеј почина од последици на Ковид 19, откако се зарази за време на погребната церемонија на владиката црногорски, Амфилохије.