Вучиќ организира средба во Нови Сад со Заев и со Рама

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на 10 октомври ќе се состане во Нови Сад со македонскиот премиер, Зоран Заев и албанскиот, Еди Рама.

Како што најави кабинетот на Вучиќ, средбата ќе се одржи во Офицерскиот дом на Петроварадинската тврдина.

Вучиќ најавува дека ќе се случи ,,епохална идеја“ за која има целосен консензус.

,,Сфативме дека поединечно сме мали и слаби ако не се обединиме по прашањето на економските слободи.

Ако на пазарот настапиме како блок, тогаш нашата економска сила ќе биде многу поголема. Сакаме подлабоки економски врски, за да се зголемат инвестициите, а тоа е возможно само со целосна слобода на движење, на прометот и на услугите. За оваа идеја имам целосна поддршка од Заев и Рама“-изјави Вучиќ.

o