Српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој се наоѓа во дводеневна посета на Северно Косово, положи венец на местото на убиството на Оливер Ивановиќ.

Вучиќ порача дека Србите мора да останат и да опстанат во Косово и Метохија, и покрај тешкиот период што го поминуваат. Тој дојде да им даде поддршка по атентатот врз еден од лидерите на косовските Срби. Тие беа на разни политички страни, но Вучиќ порача дека сега мора сите да бидат обединети.