Вучиќ по средбата со Макрон: Беше тоа добар едночасовен разговор

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по вечерата организирана во Елисејската палата од стрна на францускиот претседател, оствари едночасовен разговор тет-а-тет со Макрон за кој оцени дека бил ,,добар едночасовен разговор“.

По средбата, Вучиќ изјави дека Макрон сакал првин да разговара со него, па со другите балкански лидери.

Тој му ја образложил иницијативата ,,мал Шенген“, а Макрон се интересирал дали и други земји од Блканот ќе се приклучил, на што Вуучиќ му рекол дека се надева.

Српскиот претседател не кажа каков бил одговорот на неговото прашање каква е перспективата на Србија за евронитеграција.

Таква средба се одржа меѓу Макрон и косовскиот претседател, Хашим Тачи. Кабинетот на Тачи објави дека Косово е подготвено за мировен дијалог со Србија по што ќе треба да следува меѓусебно признавање и членство на Косово во сите меѓународни институции.