Вучиќ по стапките на Груевски, рекламни кампањи за Србија по светските тв канали

Србија почана да се рекламира на Би-Би Си како привлечна туристичка дестинација.

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ за РТС изјави дека оваа година очекуваат три милиони туристи, од кои половината странци. Најмногу туристи очекуваат од Русија.

На седница на Влада веќе е усвоена одлука за вложувања во туристичката инфраструктура.
Туристичките потенцијали првин ќе се рекламираат на британскиот национален сервис, околу девет месеци, а потоа и на други светски тв канали, изјави Љајиќ.