,,За мене оваа средба значи само унапредување на нашите односи и соработка, како и на нашите капацитети кои не се доволно искористени, а тоа го бараат и очекуваат нашите граѓани“-изјави македонскиот премиер Зоран Заев, синоќа, шетајќи низ улиците на Нови Сад заедно со српскиот претседател, Алексанадар Вучиќ, кој е иницијатор на оваа трилатерална средба и албанскиот премиер, Еди Рама.

Денеска во Нови Сад ќе биде одржан официјалниот дел од средбата, на која ќе се зборува за унапредување на економската соработка меѓу трите земји.