,,Живаљевиќ не отиде сам во Собрание на 27 април , тој ја праша тогашната највисока извршна власт во Македонија и тие беа запознати со неговото присуство таму, а тоа се искористи за да се води кампања против Србија “-рече Вучиќ во разговор за РТС.

Вучиќ го пофали Дачиќ за реакцијата во однос на повлекувањето на српските дипломати. Најави дека тие на почетокот на септември ќе ги вратат назад во амбасадата во Скопје, а дека овој потег бил со цел да им покажат на целиот свет дека знаат што се случува долу, во Македонија.

Српскиот претседател во ова интервју сега уверува дека нема да има некои поголеми последици за односите меѓу двете земји, а посебно меѓу двата братски народи.