Вучиќ се заблагодари за извинувањето и порача дека Макрон ќе биде пречекан величествено

Александар Вучић

@predsednikrs

Хвала амбасадору Мондолонију на дивним речима и поштовању које је показао према српским жртвама. Србија ће на величанствен начин дочекати председника Макрона.

Вака реагираше на својот Твитер налог српскиот претседател, Александар Вучиќ, по извинувањето на францускиот амабасадор во Србија, по реакциите за непримерниот протокол на седење на денот на одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна во Париз.

Амбасадорот на Франција во Белград, Фредерик Мондолони, денеска упати извинување до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и до српскиот народ, поради протоколот и распоредот на седење за време на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна во Париз.

,,Со Србија сме многу блиски . Србија во Првата светскам војна изгуби речиси една третина од своето население, 62 проценти од машкото население и Франција тоа нема да го заборави“-изјави за тв Прва францускиот амбасадор.

,,Тажен сум бидејќи требаше да ја славиме нашата заедничка победа, и тоа во очи најавената посета на претседателот Макрон на Србија. Ова на некој начин го расипа сетоа тоа“-рече Мондолини.

Распоредот на седење во Париз пред Триумфалната порта, беше изненадување за многу од присутните. Најмногу реакции имаше заради почесното место на косовскиот претседател, Хашим Тачи.