Вучиќ: Со циркусот со наводното труење го наседнаа неискусниот Курти

Циркусот со наводното труење на членовите на Државната изборна комисија во Косово, за време на броењето на српските гласови од Србија, беше наменет за неискусниот Курти, а не за Српска листа, бидејќи тие и без тие 4-5.000 гласови имаа обезбедено 10 пратенички места, изјави српскиот претседател доцна синоќа по средбата со францускиот претседател.

,,Не беше цел Српска листа, туку идејата беше смислена за да ѝ се наштети на Србија во светот и да се промени сликата во косовскиот Парламент. Тие планираа да го намалт бројот на мандати на Самоопределување на Курти, а потоа со блокот на Иса Мустафа да ја номинираат Вљора Османи за кандидат за премиер“-рече Вучиќ.

Уште ќе има такви игранки, а очекувајте многу проблеми при формирањето на Владата и на Парламентот, додаде тој.

Србија покажа дека ги разбира тие примитивни трикови кои може да поминат на Запад.

,,Добро е што целиот свет го виде тоа.. Покажавме дека имаме повеќе знаење и памет од оние кои помислија дека навистина некој би ги труел членовите на ДИК. Овој циркус ќе влезе во историјата како најгрда шарада и парада на лудоста. Замислете, ставиле пестициди, потоа зеле Рефлекс за чистење мебел, и велат еве ова е отров“, со смеење додава Вучиќ.

По приказната за наводно затруените српски гласачки ливчиња, членовите на ДИК облекоа скафандери

Вучиќ рече дека додека е жив, ќе инсистира да се објават резултатите од ,,отруените“ гласачки ливчиња донесени од Србија и ќе бара да се пронајдат идеолозите на оваа глупост.

Извор: РТС