Вучиќ тргнува во кампања ,,Иднината на Србија“-(видео)

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е присутен во речиси сите српски медиуми од почеток до крајот на телевизиските вести, започнува кампања без сѐ уште ненајавени избори. Тој како претседател, води кампања како да е премиер, а најавува што е неговата визија за Србија, преку спот, на која само Вучиќ и никој друг , се заслужни, за изградбата на фабрики, мостови, болници, градинки…Секој ден ќе се среќава со граѓани , во секое село и град.

Александар Вучиќ е енормно застапен во српските медиуми, иако неговите ингеренции како Претседател се доста ограничени. Но, тоа не му пречи да ги презема работите и на минстрите и на премиерката, притоа никој не смее да му се спротистави. Опозицијата е речиси невидлива, медиумите не ѝ отстапуваат простор, а нивните барања на протестите се игнорираат. Србија е рангирана во земјите со делумно слободни медиуми, а критиките се неприфатливи за државниот врв.