Вчера до 20 часот Митко Чавков бил недостапен за министерот Нухиу

Ги осудувам вчерашните настани и ве известувам дека дел од структурите на МВР не си ја завршија работата и за тоа ќе сносат одговорност. Јас како министер инсистирав да се формира Оперативен штаб уште кога почнаа протестите и во него членуваат раководители од МВР од сите области, рече денеска министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

– Имавме план за 3 сценарија. Кога протестите се мирни, кога ќе се избира спикер и кога ќе се избира Влада. Раководител на Штабот беше Митко Чавков. Вчера од ескалација се до 20 часот Митко Чавков не беше за мене достапен иако секако го барав. Сакам да потенцирам дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога што е за секаква осуда. Дел од вработените во МВР наместо да го почитуваат законит, а постапиле по наредби од политички центри, што е за осуда и мора да биде санкционира. Внатрешната контрола започна истрага и ќе бараме одговорност од сите кои затаија вклучувајќи ги тие од Оперативниот штаб. МВР мора да гарантира мир, а не да биде под влијание на политички субјекти, рече денеска министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.

Тој рече дека е згрозен од однесувањето на дел од протестантите кои не дозволиле да интервенираат екипи на Итната помош.

– Ќе сториме се безбедно да има трансфер на власта во земјава – рече Нухиу на денешната прес конференција.