В. Британија шокира со промена на политиката кон сирискиот претседател Асад

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја изненади британската, но европската јавност со промена на ставот кон претседателот на Сирија Башар ел Асад. Имено, тој изјави дека треба да му се овозможи на Асад да учествува на избори како демократско решение на граѓанската војна во Сирија.

Зборувајќи пред надворешно-политичкиот одбор на британскиот Парламент, Џонсон рече дека позицијата на Велика Британија кон Сирија е катастрофална и дека таа мора да се смени.

АП пренесува дека тој ги критикувал неговите претходници како несупешно се справувале со ова сериозно ме]ународно прашање повторувајќи ја мантрата дека Асад мора да си замине , а не нудејќи одговор како и што по него.

 

Според Џонсон, ситуацијата во Сирија сега е значително променета, мора да му се овозможи на Асад да учествува на избори, а на раселените сиријци да гласаат. Можеби тоа е решението -рекол Џонсон.

Тој исто така оценил дека соработката со Русија е потребна, тоа верижно би значело сораbотка со Иран, што според него, е добра работа.

АП