Габер-Дамјановска: Премногу и од Европа !

,,За да не ме прашувате одделно, еве да ви кажам: Илиевски 106 гласа, јас 86 гласа. So much about Europe” .

Ова е коментарот што судијата во Уставен суд Наташа Габер-Дамјановска го остави на својот ФБ профил по објавувањето на гласањето во Совет на Европа за македонски претставник во Судот за човекови права во Стразбур.

Најжестока во својата реакција беше професорката Мирјана Најчевска која ги обвини парламентарците во Совет на Европа дека со изборот на Јован Илиевски за судија во Судот за човекови права директно ја поддржуваат мафијата.

Избраниот Јован Илиевски, се уште актуелен Јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал, во интервју за Дојче Веле рече дека престижната функција ја добил со труд и работа , а не со лобирање од ВМРО ДПМНЕ. Тој не сака да го третираат и доживуваат во Македонија само како баџанак на Сашо Мијалков.

На 11.10 се гласаше за нов претставник од Македонија во Судот за човекови права, чиј мандат е 9 години. Овие судии се исклучително добро платени и според неофицијалните податоци, нивната плата со сите додатоци месечно се движи од 25 до 30 илјади евра.