Габриел: Да се почитува парламентарното мнозинство и Иванов веднаш да го даде мандатот

„Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот Претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање на влада и да ѝ стават крај на блокадата“, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел по синоќешната средба со шпанскиот колега Алфонсо Дастис во Берлин, пренесува ДВ.

Двајцата министри изразиле загриженост за развојот на состојбата на Западниот Балкан, и пред сѐ во Македонија.
Габриел порача дека мора да се почитува парламентарното мнозинство во Собранието, кое беше формирано по изборите.

„Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност. Затоа сакаме да се ангажираме , на целиот Западен Балкан, а особено по однос на актуелната ситуација во Македонија, да се води грижа за да дојде до воспоставување на мирен и демократски соживот“, вели Габриел.

Извор:Дојче Веле