Гевгеличани речиси стопроцентно гласаа против отворање рудници на Кожуф

Дури 98 проценти од гевгеличани кои гласаа на референдумот рекоа НЕ на отворањето рудници во еколошки здравата и чиста планина Кожуф. Според резултатите на референдумот гласале 68 проценти од запишаните избирачи во градот , од кои ЗА рудници се изјасниле само 154 гласачи, а против 13.092 граѓани.

Иако референдумот нема обврзувачки карактер, сепак тој е многу важен во отсликување на волјата на граѓаните за прашања од нивен интерес , но импоказател за високата демократска свест на едно општество.