За време на посетета на Авганистан во Кабул генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се сретна со војниците и старешните на РС Македонија кои партиципираат во НАТО мисијата во оваа земја.

Ген. секретар на НАТО во разговор со старешината на АРМ Насковска

На 29 февруари по потпишувањето на мировниот договор меѓу САД и Талибанците, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг беше во официјална посета на Авганистан.

На церемонијата што се одржа во претседателската палата, Столтенберг беше пречекан од авганистанскиот претседател Ашраф Гани и американскиот секретар за одбрана Марк Еспер, по повод одбележувањето на Заедничката декларација помеѓу Соединетите држави и Исламската Република Авганистан и потпис на договорот меѓу Соединетите држави и Талибанците.

Столтенберг рече:

„Договорите меѓу Соединетите држави и Исламската Република Авганистан, и меѓу Соединетите Држави и Талибанците, ветуваат дека е возможно да се стави крај на деценискиот разурнувачки конфликт и да се отвори патот за преговори меѓу Авганистанците, бидејќи тие започнуваат да градат доверба за подобра иднина за сите. Ова е победа за мир и победа за авганистанскиот народ. Преку нивната храброст и решеност и поддршката на меѓународната заедница, Авганистан денес е многу поразлична земја отколку што беше во 2001 година. Ја видов оваа трансформација, од очај до надеж, водена од длабока желба за мир, во очите на секој Авганистанец што сум го сретнал “.

НАТО се ангажираше во Авганистан после терористичките напади од 11 септември врз САД, кога за прв пат во историјата, Алијансата ја активираше својата клаузула за колективна одбрана, член 5, во знак на поддршка на САД како дел од борбата.

Мисијата ИСАФ учествуваше во акцијата ,,Одлучна поддршка“.

Изминатите години, речиси 20, стотици илјади мажи и жени од земјите сојузници на НАТО и земјите партнери служеа во Авганистан, а над 3.000 оваа мисија ја платија со своите животи.