Георгиевски падот на ВМРО ДПМНЕ го спореди со падот на комунизмот

Досегашната власт насекаде има свои структури – во МВР, бизнисот, судството, медиумите.Колку многу време е потребно за да се спроведат подлабоки реформи само во судството? А во другите сфери? Затоа велам дека тоа ќе бидат бавни и тешки промени, идентични како после пад на комунизам во транзициска земја“, вели претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во изјава за Дојче Веле.

Средбата со  Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, со кои од следната недела почнуваат активности за подготовка за локалните избори е во тој контекст, вели Георгиевки, отфрлајќи ги информациите дека тие одат во поход за придобивање на незадовлното членство во ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, вели дека тоа не било нивна цел.

„Тоа беше средба на која го потврдивме функционирањето и опстојувањето на нашата заедничка коалиција ‘ВМРО за Македонија’, меѓу ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство. Разговаравме за подготовките за наредните локални избори, кога и да се одржат тие. Сакавме да дадеме нов импулс во јавноста за претстојните активности. Ние остануваме носители на изворните идеи на ВМРО, јавноста и натаму ќе не препознава по тоа, а Коалицијата е отворена за сите што тие идеи ги почитуваат и ги поддржуваат“, вели лидерот на ВМРО-НП.

Георгиевски како  погрешни ги оценува последните  чекори на неговата поранешна партија:

„Не можам да сфатам што беше целта на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ДУИ кажа дека не прифаќа коалиција со таа партија, понатаму не требаше да постојат никакви дилеми и илузии, бидејќи правилата на демократијата се јасни. ВМРО ДПМНЕ требаше да ја прифати таа реалност и се ќе беше поинаку“, вели Георгиевски, алудирајќи на настаните што следеа потоа – од блокадата во парламентот, па се до „крвавиот четврток“.

Извор:DW