Германија го продава возот „Маглев“

Возот „Маглев“ за кој некогаш надлежните во Германија се надеваа дека ќе го забрза железничкиот сообраќај и ќе стане голем извозен производ е понуден на продажба.

„Трансрапидниот воз“ чиј принцип на движење е заснован на технологијата на магнетна левитација, потенцијалните купувачи можеа да го видат на изложбата денес, а таа ќе трае и утре, на поранешната пробна пруга на северозападот на Германија, близу границата со Холандија.

Властите не ја одредиле минималната цена на возот, а аукцијата ќе трае до 25 октомври.

Прототипот на „Маглев“ е направен во 2007 година, а со проектот било предвидено да сообраќа на пругата која го поврзува Минхен и блискиот аеродром.

Возот се движи, односно лебди над посебните шини благодарение на електромагнетната сила. Тоа значи дека не постои сила на триење помеѓу возот и шините, и тој воз може да постигне огромни брзини.

Многу предлози за изградба на такви пруги во Германија пропаднаа.

Во сударот на возот „Маглев“ и возило за одржување на пробната пруга во Германија во 2006 година настрадаа 23 лица. Од 2011 година пругата не се користи.

Единствена оперативна група за возови „Маглев“ има во Шангај и го поврзува градот со аеродромот.