Германија забрани употреба на пластични ќеси во малопродажба

Германската Влада го усвои предлог законот со кој се забранува употреба на пластични ќеси во малопродажба. За кршење на забраната е предвидена висока казна од 100.000 евра.

,,За производството на пластичните ќеси се употребува нафта, а нивната корисност е само за еднократна употреба по што тие најчесто завршуваат во природата каде им е потребно долго време да се разградат. Тоа е толку штетно и непрактично“, изјави германската министерка за екологија.

Како што пренесе Хина, во Германија и сега е драстично намалена употребата на пластични ќеси по договорот на владата со трговците за минимизирање на нивната употреба.