Германија на нозе поради можен терористички напад

Полицијата во Германија сеуште трага по Јабер Албакр, дваесет и двегодишно момче од сириско потекло, во чиј стан во Кемниц беа пронајдени неколку стотици грама експлозив.

Постојат сомненија дека Албакар планирал бомбашки напади, а информациите стигнале од разузнавачките служби, заради што извесно време бил надгледуван.

Сепак, успеал да побегне.

За откривање на неговото засолниште можеби ќе помогнат тројцата уапсени кои се поврзуваат со одметнатото момче. Сите тие се поврзани со екстремни исламистички кругови.

osomnicen-germanija

Албакр во Германија стигнал минатата година од Дамаск, кога во таа земја влегле околу 890 илјади мигранти и нему му бил одобрен азил.

Германските медиуми јавуваат дека се верува дека Албакр е поврзан со припадници на Исламска држава, но полицијата во Саксонија не се изјаснува за неговата потенцијална мотивација, ниту за евентуални цели на бомбашки напади.

Иако животот во Кемниц после опсадата во саботата полека се враќа во нормала, многу полицајци денес во градот со околу 250 илјади жители го „чешлаат“ секое катче.

policija-germanija

Полицијата ги предупреди граѓаните дека имаат причини да веруваат дека Албакар е опасен и дека треба
веднаш да им јават ако го видат.

Најповеќе ги загрижува фактот дека не знаат дали го носи експлозивот со себе, затоа што може да го активира каде било.

Во неговиот стан е пронајден ТАТП, експлозив што е омилен меѓу терористите, за кој се смета дека е поопасен од ТНТ.

Иако е во прашање релативно мала количина, таа би можела да биде доволна да предизвика значителна штета, пишува германски Билд.

Експертите се обидуваат да утврдат дали е во прашање ист експлозив каков што е користен во нападите во Париз во ноември лани и во нападите на Брисел на 22 март оваа година.

Уапсено уште едно лице

uapsen-germanija

Специјалната единица на германската полиција денес направи претрес во стан во Хемниц и приведе маж којшто се поврзува со сирискиот азилант, осомничен за планирање на бомбашки напад.

„Никој не е ранет, ниту имаше престрелка. Го одведовме лицето и во тек е негово сослучување“, изјави Том Бернхарт, портпарол на полицијата на покраината Саксонија.

Во притвор до сега се задржани три лица кои се доведуваат во врска со осомничениот Албакр.