Германија на нозе, тревога за тероризам

Полицијата во германската покраина Саксонија интензивно трага по Џабер Ал Бакр, Сириец, роден 1994 година, осомничен за подготвување на бомбашки напад во градот Кемниц на истокот на земјата.

Агенцијата ДПА пренесува дека полицијата спровела рација во зграда во Кемниц после добиена информација дека некој можеби планира бомбашки напад.

Бил извршен претрес во стан, а после тоа биле евакуирани станарите од зградата, но и оние од соседните куќи.

germanija

Во текот на претресот, според истите извори, не бил пронајден осомничениот за подготвување напад, ниту бомба, но биле откриени траги од експлозив.

Германија во јули годинава беше цел на два напади за кои одговорноста ја превзеде Исламска држава.

Во самоубиствен напад на 27-годишен барател на азил од Сирија беа ранети 15 лица, а 17-годишен Авганистанец со секира повреди пет лица во воз во Баварија.