Германија: Со автомобил влетал во пешачка зона

Едно лице е тешко повредено, а две полесно кога возач со својот автомобил влетал во пешачка зона во германскиот град Хајделберг. По инцидентот, напаѓачот се дал во бегство, но полицијата го пронашла и го ранила, по што е пренесен во болница. Утврдено е дека во моментите на бегство во рацете имал нож.

Полицијата ги истражува мотивите за нападот. Минатото лето камион навлезе во пешачка зона во Минхен кога усмрти 12, а 50 лица беа повредени. Овој напад беше терористички.