Германија: Уапсени три лица, најден аксплозив

Германската полиција привела три лица поврзани со Сириецот осомничен за планирање на бомбашки напад во Хемниц, а во станот што го пребарувала пронашла експлозив.

Портпаролот на полицијата во Саксонија, Том Бернарт, им изјави денес за новинарите дека експлозивот бил „релативно добро сокриен“ во станот, во кој денес околу пладне била извршена рација.

Полицијата и понатаму трага по 22-годишниот Џабер Ал бакар од Дамаск.

Двете лица кои го познавале Ал Бакар се уапсени на железничката станица во Хемниц, а третото лице е уапсено во центарот на градот, изјавил Бернарт.

Во тек е нивно сослушување, а од полицијата се надеваат дека ќе добијат некои информации што ќе ги доведат до осомничениот Сириец.