Германската ,,Герешајмер“ започнува инвестиција и производство до крајот на 2020 година

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев ја најави новата милионска инвестиција на германската компанија за производство на медицинска опрема ,,Герешајмер“.

Како што рече, по преговорите кои траеле нешто повеќе од една година, конечно може да се објави оваа странска инвестиција, кој долгорочно се очекува да биде најголема во историјата на странските инвестиции во Македонија.

Сопственикот на компанијата преку видео линк, рече дека многу скоро ќе почне изградбата на фабриката во Бунарџик, а стартот на производството се очекува кон крајот на 2020 година.

На почетокот се најавени 400 вработувања.