Ангела Меркел, канцелар на Сојузна Република Германија, пристигна во официјална посета на Република Македонија, на денот на нејзината независност-8 Септември.

Меркел беше пречекана пред платото на Влада на РМ со највискои државни почести , по што со нејзиниот домаќин, премиерот Зоран Заев, влегоа во владата на разговори.

По австрискиот канцелар , Себастијан Курц, и Меркел доаѓа да даде поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија и да порача да се гласа ЗА на престојниот референдум.