Германски авион принудно слета на аеродромот во Белград

Авионот на германската авиокомпанија „Герман вингс“ денес принудно слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Според неофицијални информации, авионот слетал поради чад во кокпитот. Причината за тоа е, наводно, проблеми со вентилаторот на системот за вентилација.

-Авион со 149 патници и пет шленови на екипажот на германската компанија „Герман вингс“ кој сообраќал на линијата Родос-Келн, непланирано слета на белградскиот аеродром денес околу 10.30 часот поради чад во
кокпитот, потврдуваат на аеродромот „Никола Тесла“.

Веднаш по слетувањето на лице место излегле надлежните аеродромски служби, вклучувајќи и противпожарна екипа, кои по деталниот преглед на леталото утврдиле дека нема пожар.