Героски: Драг мој Петре Шилегов, што корист имаш ти од глупирањето на шефчето твое?

,,Драг мој Петре Шилегов. Ја прочитав реакцијата на шефот на твојот кабинет, Никола Наумовски, на мојата колумна во саботен „Слободен печат“. Тоа е колумна во која само некое човечуле со трамповска логика може да види непријателство или лоша мисла. Но, децата не би биле деца, нели, кога понекогаш не би биле злобнички и здодевни…
Јас, со чисто срце и навистина со добра волја, како човек што влијае (и ќе влијае и во иднина) врз јавното мислење многу повеќе од шефчето твое, напишав што напишав. Со Никса, се разбира, немам намера да се расправам. Кога ќе имам и јас еден ден кабинет и шефче, ќе му дадам таква задача. Да си поигра малку и да си ги заработи парите.
Сега за сега, од едната страна си ти, градоначалнику мој, за кого и јас малку навивав во кампањата (да не би да си заборавил?) и за кого гласав, а од другата страна сум јас, кого шефчето твое и неговите другарчиња, поради некои свои причини, го мразат и го хејтаат каде што ќе стигнат. Што корист имаш ти од ова глупирање и каков есап сте направиле заедно (ако воопшто сте направиле), мене навистина не ми е јасно. Но, голем си, Петре, си знаеш. Од моја страна кон тебе, no hard feelings-“-напиша исто така на својот Фб профил новинарот и главен уредник на Слободен Печат, Бранко Героски.

Претходно, како што објавивме, шефот на Кабинет на градоначалникот на Скопје, Никола Наумоски, препознавајќи се во една од колумните на новинарот Бранко Героски, по пат на социјалната мрежа ФБ, му одговори, неформално, на критиките дека – ,,некои деца си играат политика“.