Героски: Со недели водев медиумска војна со ова зло

Новинарот Бранко Героски, кој прв пишуваше за рекетот на Коки и Кики, ја коментира истрагата што обвинителство ја покрена против Бојан Јовановски.

,,Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија.
Иако се уште ги очекувам детаљите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. 
Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави. 
Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да проговорите! 
Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е! 
Ајде, нека дојде сега до израз вистинското истражувачко новинарство. Првиот што ќе се охрабри, јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство“-реагира Героски.