Гитарата на Боб Дилан продадена за половина милион долари

Легендарната гитара  на  Боб Дилан „Fender Telecaster“ од 1965 година продадена е за 495.000 долари на аукција посветена на „иконите на музиката“, која се одржа изминатава сабота во Њујорк. Пред продажбата, оваа гитара беше проценета на сума помеѓу 400 и 600 илјади долари.

Освен Боб Дилан  „Fender Telecaster“ ја користеа и Ерик Клептон и Џорџ Харисон, пренесува аукциската куќа Џулиен, која ја организираше продажбата.Легендарниот инструмент го одбележа преминот на фолк музичарите од „The times they are A-changin“ на електричен звук, во песните како „Like a Rolling Stone“.

Помеѓу другите славни гитари продадени во саботата, се најде и првата електрична гитарата на Џорџ Харисон „Hofner Club 40″, проадена за 430.000 долари, како и гитарата  „Fender Telecaster”, која беше специјално изработена за Елвис Присли во 1968 година, а сега е продадена за цена од 115.200 долари.