Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ за Липково, Хади Османи, доцна синоќа со своите приврзаници, повика Албанците од Липково да му ја дадт довербата на претстојните локални избори. Неговите приврзаници, на фотографијата, го бодрат и порачуваат дека ,,Липково треба да гласа за Османи, кој презел храбар чекор да ги бара гласовите на Албанците преку СДСМ“.

Хади Османи е член на СДСМ. Кога ја објави својата кандидатура за градоначалник,  напиша:

,,,Драги пријатели. Сакам да објавам дека денеска беше донесена одлука во партијата и официјално сум кандидат за градоначалник на општина Липково за локалните избори на 15 октомври 2017 година. Во меѓувреме, имав многу предлози, идеи и совети од моите пријатели, за и против. Не сакам да останам како оние кои само критикуваат и не даваат решенија и предлози. Преземам одговорност за мојата одлукаи сакам да дадам придонес. Влегувам во предизвик со желба да им дадам шанса на мојата општина и на мојата земја, воопшто. Сум кажал и порано дека сакам да ја зближам мојата општина со мојата држава. И сега ќе се обидам да го направам тоа. Останува да ја добијам вашата доверба во оваа заедничка мисија. Со среќа. За животот во општина липково“-напиша Османи.

СДСМ има свој кандидат и во Арачиново. Тоа е Милитие Халими.

-Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, жена која со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново“, изјави неодамна Заев.

Според последните анкети, 15 проценти од етничките Албанци, ја даваат својата доверба на СДСМ. Таа е втора, по ДУИ, со рејтинг кај Албанците. Сите други партии од албанскиот политички корпус имаат значително помал рејтинг кај албанското население од СДСМ.

АКО.мк