Ги мрзи да ги отворат контејнерите па ѓубрето го оставаат наоколу

Нема крај на безобразноста и некултурата на жителите на Скопје. Новите контејнери им зададоа нови маки на мрзливите, па сега ѓубрето го оставаат наоколу.

Овие фотографии се од улицата ,,Московска“ во Тафталиџе,а се поставени од граѓанин на ФБ страницата Ѕид на комуналниот срам

Што и да напишеме веќе е џабе, без одлучна, решителна и силна акција на државата.

Владата на Зоран Заев, со 23 министри, еден куп директори на јавни претпријатија, инспекциски служби и со над 60 лични советници, се покажа како неспособна и нефункционална на планот на екологијата, заштита на животната средина и спроведување на законите и обврските во комуналната сфера.