Ги фрлаат јаболките во река наместо да прават џем, оцет, ракија…?!

Деновиве се појави видео од ресенско, на кое се гледа јаболка наместо вода во локалната река.

Револтирани земјоделци, наводно поради незадоволство од откупната цена и односот на владата кон нив, го исфрлиле минатогодишниот род во блиската река.

Од Здружението „Благој Котларовски“ велат дека производителите на јаболка овошките ги фрлиле во околните реки кои се слеваат во езерото за да се ослободат од минатогодишниот род кој скапува во нивните магацини.

Пампулевски вели дека кај овоштарите сѐ уште има околу 35 илјади тони непродадено јаболко. Откупната цена од страна на индустриските капацитети е многу ниска, а мала е и сумата која се плаќа за откуп на трпезни јаболка, велат овоштарите.

Многумина ги прашуваат овоштарите на социјалните мрежи зошто не произведуваат нешто од јаболките, па потоа да го нудат како производ или барем да ги донирале досега во некоја детска или здравстевна установа. Наместо да ги фрлаат во езерото и во блиските реки и да прават дополнителен еколошки проблем.