Гласачите на ДУИ гласале за ВМРО ДПМНЕ, а на Беса, ДПА и Алијанса на албанци за СДСМ?

Прегласувањето на гласачкото место во избирачко место 2011 во Теарце покажа дека без двајца гласачи, речиси излегоа идентичен број гласачи, 402 денеска , односно 404 пред две недели .

Тоа може да значи дека гласовите од првиот круг гласање на 11-ти декември  дадени за партиите на албанците се слеале на контото на ВМРО ДПМНЕ , односно на СДСМ.

Освоените гласови на 11 декември изгледаа вака :

mkd-299555-1

Ако бидеме слободни и направиме наша, неофицијална симулација на освоените гласови од денешното гласање, доаѓаме до интересна математика.

ВМРО ДПМНЕ пред две недели освои 91 глас, ДУИ 53=144 гласови. ВМРО ДПМНЕ денеска освои 149 гласови.

СДСМ пред две недели освои 87, ДПА 64, БЕСА 65 и Алијанса за албанци 25 гласови. Сите заедно вкупно 241 глас. СДСМ денеска освои 245 гласа.

Оваа наша симулација е само претпоставка , но факт е дека на денешното гласање ДУИ, ДПА,  и Алијанса на албанци  освоија само по еден глас, Беса ниту еден, ВМРО за Македонија 2 и имаше 3 неважечки ливчиња. Овие 9 гласа се точно толку колку што претставува разликата од освоени гласови на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ пред две недели и денеска, кога ќе се разложат на освоените од минатата недела меѓу партиите на Албанците.

Може да се претпостави дека гласачкото тело на партиите на Албанците е прецизно насочено, а тоа пак, дисциплинирано го дале својот глас за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ.

Од друга страна пак, речиси идентичната бројност на излезност на гласчи може да доведе до заклучок дека останатите околу 300 запишани гласачи на ова избирачко место најверојатно не живеат тука.

АКО.мк актуелно – објективно