Американскиот глумец, Еди Марфи(57), го доби своето десетто дете. Имено, на 30 ноември неговата сегашна partnerka, Пејџ Бачер(39), роди син, пренесува АП.

Тие се во врска од 2012 година, а Марфи со австралискиот супер-модел има и двегодишна ќерка, Иззи.

Другите деца на актерот се: 29-годишниот син Ерик со Полие МекНели; 28-годишната ќерка  Брија, 25-годишната Мајлс Мичел, 23-годишната Шејн Аудра, 18-годишната Зола Иви и 16-годишната Бела Захра со поранешната сопруга Никол Мичел Марфи; 27-годишниот син Христијан со Тамара Худ; и 11-годишниот Ејнџел Ирис со Мел Б.