Голема депонија во центарот на Охрид до средното училиште ,,Григор Прличев“

Во близина на ОУ „ Григор Прличев“ е создадена огромна депонија. Но, Охрид и околината се затрупани со вакви диви депонии, кои со години не се отстарнуваат.

Граѓаните многу често реагираат и бараат чистење на овој туристички центар.

Денеска реагираше и ОО на СДСМ. Тие побараа градоначалникот Бакрачевски и градските служби итно да ја исчистат депонијата која се создава среде најголемото основно училиште во градот, во центарот на Охрид.

Покрај депонијата од која се шири смрдеа и претставува опасност од зарази, секојдневно поминуваат деца кои ризикуваат да добијат некаква болест или инфекција.

Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става во ризик и здравјето на учениците-се вели во нивната реакција.