Голема евакуација во Калифорнија заради напукната брана

 

Американските власти наредија итна евакуација на 200.000 население кое живее долж браната Оровил на која се појавиле одредени пукнатини.

Калифорнискиот завод за водни ресурси пред 4 дена забележа огромна пукнатина на најголемата американска брана, по што беше издадена предупредувачка и превентивна наредба за евакуција.

Иако по сите проверки, сепак се смета дека оштетувањата не се толку големи, наредбата се уште останува на сила.