Голема поддршка во американскиот Сенат за влез на Македонија во НАТО

Комисијата за надворешни работи на Сенатот на САД, даде зелено светло за зачленување на РС Македонија во НАТО и повика сите земји членки што поскоро да го ратификуваат Протоколот.

По разгледувањето на Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во комисијата, тој сега треба да оди на гласање пред целиот Сенат.

Сведоци на сослушувањето пред сенаторите беа помошник – државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, и Кетрин Вилбаргер, американски заменик – помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

И двајцата испратија силна порака на поддршка за македонија.

Рикер рече дека Северна Македонија е подготвена за членство во НАТО, а Македонците напорно работеа и заслужија да бидат дел од Алијансата.

Кетрин Вилбаргер рече дека е многу важно за регионот Македонија да стане членка на НАТО и што се однесува до Американците, тие би сакале тоа да се случи веднаш.