Голема полициска акција во Србија

Во голема акција на полицијата во Србија уасени се 53 лица осомничени за корупција. Нив обвинителството ги товари за проневера на  10 милиони евра.
Повеќе од 50 луѓе се уапсени во голема полициска акција низ Србија бидејќи го оштетиле буџетот за над 10 милиони евра,објави српски Ало. Српската полиција во уште една голема акција,насочена кон спречување и сузбивање на финансискиот криминал и корупција,уапсила 53 лица и поднела кривични пријави во редовна постапка уште против 25 лица осомничени за повеќе разни кривични дела,особено поврзани за злоупотреба во државните органи.
– „Се проценува дека осомничените од 2005 година до денес буџетите на Република Србија,автономната покраина Војводина,локалните самоуправи и други  субјекти нанеле штета повеќе од 10 милиони евра “.
Министерот за полиција Стефановиќ прецизираше дека меѓу уапсените има инспектори во Минстерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,вработени во сообраќајното претпријатие „Ласта“ Белград,членови на УО на Ветеринарниот завод „ Земун“,како и 13 полициски службеници кои работеле на регистрација на возила и одговорни лица во јавните-комунални претпријатија.
– „Оваа акција е уште еден сериозен индикатор дека државата е одлучна да се пресмета со сите видови  криминал и корупција и дека никој кој ги грабал парите од народот на Србија нема да биде заштитен,ниту пак било каква положба,политичка припадност или функција која ја извршува може да го заштити од кривичен прогон“, порача Стефановиќ.