Голема солидарност на граѓаните кои нудат сместување и помош за семејствата на настраданите

На социјалните мрежи постојано се објавуваат понуди за помош на семсјтсвата на анстраданите патници во автобуската сообраќајна несреќа кај Карпалак.

Сочувствувајќи со болката на настраданите, загинати и повредени, голем број луѓе ги ставаат своите телефони и адреси и нудат сместување во близина на градската болница, топли оброци, но и дарување крв.

Директорот на Градска болница, Христијан Костов, ги објави имињата на повредените, а семејствата остануваат таму додека не ги чујат и последните вести за своите најблиски.

13 лица загинаа, а повеќе се повредени кога автобус на гостиварска фирма падна во бездна и се преврте.