Голема штета во МНТ по прославата на ,,Шверцерите“, директорката тврди дека не знаела за оваа прослава

Директорката на МНТ, Симона Угриновска, во изјава за порталот а1он тврди дека не била информирана за карактерот на прославата што се одржала во петокот во новиот објект на МНТ.

,,Беше најавено одржување на манифестација за Денот на албанската азбука, а за вториот настан не кажаа што точно ќе се одржи.По првиот дел од манифестацијата, влезе група од навивачите да го проследат документарниот филм за нив и направија голема штета на орнаментите на ѕидовите и на седиштата“-изјавила директорката за а1он.

По скандалозниот настан во МНТ, ВМРО ДПМНЕ бара оставки, а челници на ДУИ се оградуваат од навивачите.

Директорката пријавила за штетите во МВР.