Големиот Новак организираше хуманитарен тениски турнир во инвалидски колички

 

Ѓоковиќ овој хуманитарен настан го организираше во пресрет на Австралија опен, турнир што треба да започне идната недела. На настанот со хуманитарен карактер присуствуваше легендарниот тенисер Рој Емерсон, потоа Александар Зверев, славниот крикет играч Шејн Варн и многу други.

Трибините беа полни, а публиката воодушевена.

Собраните средства ќе одат за развој на образованието за децата во Србија.

Новак на својот твитер му се заблагодари на параолимпиецот Дилан Алкот.

„Изгледа многу полесно, кога тоа го прави шампионот  Дилан Алкот ! Ти благодарам, другар“.

ako.mk и агенции